понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алонсо одбил понуда од Ред Бул

Алонсо одбил понуда од Ред Бул

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо изјави дека одбил понуда од Ред Бул поради одлуката да се повлече од Формула 1.

Пилотот на Мекларен додаде за „Скај Спортс“ дека предлогот од Австријците дошол по веста дека од следната сезона Даниел Рикардо ќе вози за Рено.

– Јас веќе имав понуда од една од првите три екипи, рече тој.

Запрашан дали овој тим е Ред бул, Шпанецот одговори: „Да“.

Претходно, шефот во Ред Бул – Кристијан Хорнер, изјави дека таков предлог не постои.

– Го почитувам Фернандо, тој е одличен, фантастичен пилот, но… Каде тој и да отиде, обично се создава хаос. Не сум сигурен дека на нас ќе ни се одрази добро ваквиот потег. Нашата стратегија е да инвестираме во млади пилоти, а не во такви кои се на крајот на својата кариера, изјави Хорнер.