вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алонсо: Заврши моето време во Формула 1

Алонсо: Заврши моето време во Формула 1

Фернандо Алонсо е категоричен дека пред него нема можност да се врати назад во Формула 1.

– Заврши моето време во Формула 1. Сакам да бидам најдобар пилот во светот. Во Формула 1 добив повеќе, отколку што можев да замислам. Го победив Шумахер. Сега добивам предлози кои се многу интересни. Формула 1 сега е мало место за мене, изјави Алонсо на прес-конференцијата во Сочи.

Наскоро Алонсо се очекува да ја објави својата програма за 2019 година.

– Животот брзо се менува. Никогаш не знаеш што ќе се случи, додаде двократниот шампион на Ф1.