Цел свет зборува за можното учество на Новак Ѓоковиќ на УС Опен.
Српскиот тенисер добива се поголема поддршка во петицијата наменета за негово учество на последниот Грен слем во сезоната.
Натпреварот во Флешинг ќе се одржи од 29 август до 11 септември, а американските власти се уште не му дозволуваат на Ѓоковиќ да учествува на овогодинешниот УС Опен.
Иако Ѓоковиќ поради моменталната ситуација не може да влезе во САД, неговите фанови ширум светот, вклучително и домаќинот на последниот Грен слем, му даваат целосна поддршка на Ноле.
Имено, фановите на тенисерот покренаа ваква петиција на најголемата светска веб-страница за петиции, во која учествуваат сите кои сакаат да го видат Новак во Њујорк.
– Апсолутно нема причина во оваа фаза на пандемијата да не му дозволиме на Ѓоковиќ да игра на УС Опен во 2022 година. Владата на САД и тениската федерација мора да се обединат и да му дозволат да игра. Доколку невакцинираните американски играчи имаат право на настап, мора да му се дозволи на Ѓоковиќ да го стори истото, бидејќи тој е легенда на играта. Тениска федерација, овозможи го тоа, стои во образложението на петицијата.
Најпознатиот сајт за петиции има 489.646.742 корисници, речиси половина милијарда луѓе, а иницијативата беше покрената на 20 јули и само првиот ден собра над 10.000 потписи.
Верувале или не, 48 часа подоцна тројно се зголеми бројот на оние кои ја потпишаа петицијата за учество на Ѓоковиќ на УС Опен!
Поточно, сега бројката од 32.000 потписи е значително надмината и се очекува наскоро да надмине 35.000.