Американскиот пливач, Хантер Армстронг на државните квалификации за Светското првенство постави нов рекорд на 50 метри грбно. Тој делницата од 50 метри ја исплива за време од 23,71 секунда.
Со овој резултат тој го урна досегашниот рекорд на Русинот, Климент Колесников за девет стотинки кој беше поставен минатата година на Европското првенство во Будимпешта.
„Немам зборови. Тоа отсекогаш го сонував и сега тие соништа станаа јаве“, изјави 21-годишниот пливач по трката.