петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Американски тенисер суспендиран

Американски тенисер суспендиран

Џенсон Бруксби доби 18-месечна суспензија од тенисот, поради кршење на антидопинг правилата.

Американецот беше обвинет за пропуштање на три тестирања за допинг, што е кршење на правилата за кое се добива казна.

Тој во дванаесет месеци трипати не се јавил на повиците за проверка за нелегални супстанци, поради што ќе биде надвор од тенисот до 4 јануари 2025 година.

Самиот Бруксби нагласи дека не користел ништо недозволено, ниту пак дека трипати не се појавил на тестирање, но и покрај тоа доби казна.Бруксби уште во јули се договори за привремена суспензија и се оддалечи од спортот, па сега е познато до кога ќе паузира. Неговиот најдобар пласман во кариерата е 33. позиција на АТП рангирањето од минатата година.