вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Анамарија Георгиевска е најуспешна млада спортистка на официјалниот избор за спортист на годината

Анамарија Георгиевска е најуспешна млада спортистка на официјалниот избор за спортист на годината

Анамарија Георгиевска во 2018-та освои бронзен медал на јуниоското светско првенство во таеквондо кое се одржа во Тунис, тоа е еден од најголемите младински спортски резултати кои што се постигнати во последниве години во Македонија.

Анамарија заедно со нејзиниот брат Дејан Георгиевски се едни од најсериозните претендети за освојување на олимписки норми за олимписките игри во Токио 2020-та.

Да потсетиме, таеквондото е олимписки спорт и е еден од најбрзорастечките спортови во Македонија.

Дејан Георгиевски на овој избор беше номиниран исто така и тоа во најтесна конкуренција за најдобар спортист, додека пак нивниот тренер Борче Костовски беше номиниран во најтесна конкуренција за тренер на годината.