среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Андреј Рубљев го освои турнирот во Бастад

Андреј Рубљев го освои турнирот во Бастад

Рускиот тенисер Андреј Рубљев е освојувач на АТП турнирот во шведскиот град Бастад. Седмиот тенисер на АТП рангирањето во финалето го совлада Каспер Руд со 2-0 (7-6, 6-0), кревајќи го својот 14. трофеј во кариерата.

Норвежанецот важеше за фаворит пред стартот на мечот, главно поради ранкингот, но тоа не го докажа на теренот. Првиот сет понуди по еден брејк, па се играше доигрување. Во тај-брејкот Рубљев беше апсолутно подобар, со 7-3 дојде до сет и водство.

Во вториот играта на Руд се распадна, па рускиот ас максимално го искористи тоа. Можеби и постоеше некаков проблем или пречка за Норвежанецот да парира, ама Рубљев со три брејка и без загубен гем (6-0) дојде до победата во ова финале.

На патот до трофејот Рубљев го исфрли и Александар Зверев, а беше втор носител, веднаш зад Руд кој беше прв.