вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Андреј Стојаноски со нов личен рекорд на СП – Останал без шанса за медал заради организациски пропусти?

Андреј Стојаноски со нов личен рекорд на СП – Останал без шанса за медал заради организациски пропусти?

Македонскиот пливач, Андреј Стојаноски постави нов личен рекорд и освои шесто место на Светското првенство во пливање за глуви во Буенос Аирес, Аргентина.

Стојаноски, во трката на 200 метри градно во квалификации испливал трето најдобро време. Но, вели неоправдано не му било дозволено да се натпреварува во финалето.

-Пливав во две финалиња 50градно -пласман 6 место со личен рекорд и 400 мешано – пласман 6 место. Во трката 200м градно во квалификации испливав трето време. За жал во финале НЕОПРАВДАНО не ми дозволија настап, со образложение дека сум задоцнил во собата за пријавување (каде беа волонтерите).
Бев кандидат за медал, можеби затоа организаторот беше ригорозен во одлуката, а пропусти во организација и судење безброј, објави Стојаноски на Фејсбук.