Македонскиот репрезентативец Антонио Ристевски имаше неуспешен настап на велеслаломската трка на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Нашиот скијач не успеа да ја заврши патеката, останувајќи без пласман на ова натпреварување.
Ристевски по првото мерно време имаше време од 17,94 секунди, што беше заостанување од 1,24 секунди од тогаш водечкиот скијач, меѓутоа нашиот скијач излета од патеката и не успеа да стигне до целта.
Ристевски е најискусен од нашите тројца олимпијци во Пјонгчанг, а пред четири години во Сочи заврши на 29. место во оваа дисциплина.