На Атлетскиот шампионат на Португалија присутните беа сведоци на малку неверојатна ситуација во која атлетичарот Жоао Витор Оливеира дојде до победа со тоа што „се фрли главечки“ и стигна до целта пред својот противник.
Оливеира, претставник на популарниот локален клуб СЛ Бенфика, во финишот на трката се бореше со Абдел Ларинага, натпреварувач на Спортинг од Лисабон, а трката беше решена на филмски начин бидејќи Оливеира буквално се фрли главечки и на тој начин претекна неговиот противник и стигна до победата.
Dejar todo para ganar, nivel Vítor Oliveira en la final del Campeonato de Atletismo de Portugal. La inteligencia (y la picardía) al poder.pic.twitter.com/MZRmkti9mJ
— VarskySports (@VarskySports) July 2, 2022
Тој ја мина целта со време од 13:83, што беше за 0,03 секунди побрзо од Ларинага.
Тамошните медиуми пишуваат дека се работи за спортист роден во Бразил, кој во тимот на Бенфика се приклучил во декември 2017 година. Три години откако стана член на овој клуб, тој доби португалско државјанство.
Тие исто така додаваат дека ова не му било првпат да се фрли така во финишот на трката, наведувајќи дека истото го направил на Олимписките игри во Рио во 2016 година и на трката од португалскиот шампионат во 2019 година.
When you literally do whatever it takes to win…
Vítor Oliveira held nothing back the final of the Athletics Championship of Portugal 😮
h/t @VarskySports pic.twitter.com/UGXno7yg18
— CBS Sports (@CBSSports) July 2, 2022