среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Атлетичарка од Етиопија за две минути го подобри светскиот рекорд во маратон

Атлетичарка од Етиопија за две минути го подобри светскиот рекорд во маратон

Атлетичарката од Етиопија, Тигст Асефа, е нова рекордерка во најтешката дисциплина во женска конкуренција, маратонот, со време од 2:11.55.

Таа ова постигнување го оствари на маратонот во Берлин, трчајќи за повеќе од две минути побрзо од претходната сопственичка на рекордот, Косгеи од Кенија, која имаше време од 2:14.04.

Асефа со овој резултата се надмина себеси и постави време кое ќе биде тешко да се подобри во блиска иднина.

Интересно, нејзиниот резултат беше за само девет минути послаб од победникот на машкиот маратон, Елиуд Кипчоге од Кенија, кој патеката во Берлин ја мина за 2:02.42.