петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

АТП подготвува уште еден тениски Мастерс

АТП подготвува уште еден тениски Мастерс

Првиот човек на АТП, Андреа Гауденци најави дека во тенискиот календар би можел да биде додаден уште еден Мастерс, во Саудиска Арабија.

Оваа држава последните години многу вложува во спортот, па покрај фудбалот и Формула 1, следна желба е тенисот. Поради тоа е и закажан егзибициски турнир пред крајот на годината на кој ќе учествуваат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, а во Џеда сакаат да бидат домаќини на Мастерс.