недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Австралиецот Стаблети – Кук постави нов светски рекорд на 200 метри градно

Австралиецот Стаблети – Кук постави нов светски рекорд на 200 метри градно

Олимпискиот првак на 200 метри градно Зак Стаблети – Кук постави денеска нов светски рекорд на Првенството на Австралија со време од 2:05.95.

Австралискиот пливач со тоа го подобри досегашниот рекорд од 2:06.12 што на Светското првенство во 2019 година го постави Русинот Антон Чипков.

Стаблети – Кук ќе биде голем фаворит ова лето на Светското првенство во Будимпешта и на Игрите на Комонвелтот во јули во Бирмингем.

– Мојата крајна цел се Олимписките игри 2024 во Париз и што и да се случи дотогаш ќе се обидам да уживам во пливањето, изјави новиот светски рекордер во дисциплината 200 метри грбно.