Директорот на австралиската тениска федерација, Крег Тајли изјави денеска дека организаторите на Австралија опен, каде тој е и директор, разгледуваат различни опции за календарот во јануари 2021 година.
– Најдоброто сценарио во моментот е да учествуваат играчи кои можеме да ги донесеме во Австралија, со сета почит кон правилата за карантин, и само со навивачи од Австралија на трибините. Најлошото сценарио е турнирот да не се одржи следната година, вели Тајли.
Досега, повеќе од 30 тениски турнири се откажани или одложени поради пандемијата со коронавирусот.
„Вимблдон“ беше откажан за прв пат по 75 години, а „Ролан Гарос“ беше преместен од мај во септември.
Одлуката за последниот Гренд-слем турнир, Ју Ес Опен се очекува во јуни.