Министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјуз, побарала дополнително време за да се подготви за сослушувањето во врска со визата на Новак Ѓоковиќ. Според локалните медиуми, барањето ја покажува фрустрацијата на федералната Влада.
Како што објави „Хералд сан“ во саботата, министерката Ендјуз побарала сослушувањето да биде одржано во среда, по локално време. Адвокатите на Ѓоковиќ веднаш го обжалиле барањето. Судијата задолжен за овој случај го одбил барањето на министерката.
Новак Ѓоковиќ, на полноќ по средно-европско време а 10 часот по локално време, ќе се појави во Мелбурн пред Федералниот суд.
Според главниот адвокат на фирмата „Томсон Гир“, Џастин Квил, оовј потег на министерката е „дополнително кревање на врева“ бидејќи „властите очекуваат да бидат поразени во овој спор“.