Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, изјави дека се уште се актуелни препораките до меѓународните федерации да не им дозволуваат на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат на нивните натпревари.
– Препорачуваме на руски и белоруски спортисти да не им биде дозволено да учествуваат на какви било меѓународни натпревари. Неопходно беше да го направиме ова, изјави Бах.
Тој истакна дека спортистите не треба да бидат жртви на политиката, но рече дека комитетот нема друг избор. Мерките ги засегаат сите руски спортисти и спортски функционери, без разлика на нивниот однос кон ситуацијата во Украина.
На 28 февруари, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача меѓународните спортски федерации да ги спречат руските спортисти да учествуваат на натпревари поради ситуацијата во Украина.
На 30 септември Бах објави дека на Русите може да им биде дозволено да учествуваат на меѓународни натпревари доколку го кажат своето мислење за специјалната операција.