„Да возам за Дукати секогаш бил мој сон и фактот дека ќе продолжам со овој тим уште две години ме прави навистина среќен и горд. Тука најдов смирена атмосфера, мислам дека сме на иста бранова должина и заедно можеме да направиме големи нешта“, рече Бањаја, кој минатата година заврши како второпласиран во генералниот пласман во Мото ГП.
Фабио Квартараро ја освои шампионската титула со 278 бодови, додека Бањаја беше втор со 252. Тој кариерата во Мото ГП ја започна во 2019 година на мотоциклот на Прамац рејсинг.