Првиот рекет на светот, Ешли Барти, објави дека ќе го пропушти Грен слемот УС Опен. Причината за одлуката на австралиската тенисерка е пандемијата на коронавирус.
– Заедно со мојот тим решивме, да не летам во САД за да учествувам на УС Опен и на Мастерсот во Синсинати. Иако ми се допаѓаат двата турнира, ризикот од заразување на коронавирусот е сè уште преголем. Не се чувствувам пријатно да се изложувам себеси и мојот тим на оваа ситуација, изјави Барти за „Sportface“.
Во 2019 година, Барти стигна до четвртото коло на УС Опен.