понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Барти нова шампионка на АО 2022, Австралија чекаше титула 44 години

Барти нова шампионка на АО 2022, Австралија чекаше титула 44 години

Ешли Барти е нова шампионка на Австралија Опен кај дамите, победи во финалето против Даниел Роуз Колинс од САД во два сета, 6-3 и 7-6.

Австралија има шампионка по 44 години пауза, последен пат домашна тенисерка победи во 1978 година во Мелбурн во името на Крис О’Нил која беше на трибините.

Барти победи по 1 час и 29 минути игра, а се врати од негатива во вториот сет и го доби во тајбрејк, за тенисерката од Австралија, ова е прв триумф во Мелбурн во кариерата, а вкупно трет во кариерата по Ролан Гарос и Вимблдон.