сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Баутуста Агут ја освои Доха

Баутуста Агут ја освои Доха

Роберто Баутиста Агут победи на АТП турнирот во Доха. Шпанецот во финалето го победи Николоз Басилашвили. Баутиста Агут до титулата дојде по 86 минути игра. Славеше победа со 6/3, 6/4.

Басилашвили го направи првиот брејк во мечот, имаше предност 1:3, на што Агут одговри со два брејка и пет гема во низа и поведе со 1.0.

Слично започна и вториот сет, со брејк на Грузиецот, на што Агут одговор со два брејка. Агут во Доха ја освои првата титула оваа година, во кариерата освоил десет турнири.