Матео Беретини го освои тенискиот турнир во Белград откако во финалето го совлада Аслан Карацев со 2-0 по сетови (6-1, 3-6, 7-6/0).
Почетокот најави доминација на Матео Беретини кој убедливо го надигра рускиот ас со 6-1. Следуваше подобро издание на Карацев, кој започна да ја игра својата игра и возврати со еден брејк во продолжението. Уште во раната фаза тој го одзеде сервисот на Италијанецот и го однесе мечот во трет сет.
Во моментите на одлука се играше изедначено. Двата финалисти направија по еден брејк, а победникот на крај го одлучуваше тај-брејкот. Уште претходно италијанскиот тенисер имаше шанса за да го одлучи мечот, а тоа го направи со седум поени во низа во завршницата.