Холанѓанката Кики Бертенс ќе го заземе местото на Симона Халеп на претстојниот ВТА турнир во Сингапур.
Романската тенисерка е принудена да се повлече поради повреда на грбот која ја влече веќе подолго време. Дијагностицирана и е дискус хернија на крајот од септември.
– Одлуката беше тешка. Секогаш е тешко да се повлечеш од голем турнир. Но така е подобро за моето здравје. Не тренирав веќе четири седмици и не сум подготвена за Сингапур, изјави Халеп.
Романката е број 1 на ВТА ранг листата.
Престижниот турнир во Сингапур ќе почне следниот понеделник.