недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Без промени во првите пет на светската АТП листа

Без промени во првите пет на светската АТП листа

Нема промени во првите пет тенисери на светската АТП листа објавена денеска, на која број еден останува Шпанецот Рафаел Надал со 9.310 поени.

Единствената промена во првите 10 е искачувањето за едно место на Доминик Тим, кој го замени на осмата позиција Американецот Џон Иснер.

По Надал следи Роџер Федерер со 7.080 и Александар Зверев со 5.665 поени.

Меѓу најдобрите 10 во светот се уште Хуан Мартин дел Потро со 5.395 поени, Кевин Андерсон со 4.655, Григор Димитров со 4.610, Марин Чилиќ со 3.905, Доминик Тим со 3.665, Џон Иснер со 3.490 и Новак Ѓоковиќ со 3.355 поени.