среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

БИДИ ВОЛОНТЕР: Учествувај активно на Европското првенство 2023 во Скопје

БИДИ ВОЛОНТЕР: Учествувај активно на Европското првенство 2023 во Скопје

Биди дел од ЦЕВ Европското првенство во одбојка за мажи во групната фаза во Скопје и придружи му се на тимот волонтери во историскиот момент за нашиот спорт и за цела Македонија.

Апликацијата за волонтери е отворена за сите заинтересирани коишто ќе може да се пријават до пополнување на потребниот број волонтери во тимот за ЦЕВ ЕуроВолеј 2023.

Сите детални информации околу првенството, волонтерските активности и конкретните задачи, со прецизно објаснување на часовите и на деновите за работниот ангажман, може да ги најдете на веб страната на Одбојкарската федерација на Македонија, во делот за волонтери.

За сите дополнителни прашања и информации контактирајте ja нашата менаџерка Нада Рочевска од NR Sports Volunteering Solutions на емаил адресата: [email protected]