сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Бјерндален ја заврши кариерата

Бјерндален ја заврши кариерата

Легендарниот норвешки бијатлонец Оле Ејнар Бјерндален соопшти дека се повлекува од активната спортска кариера во која доминираше повеќе од две децениии.

–  Мојата мотивација е незадржлива, бијатлонот се уште ми е интересен, но ова беше моја последна сезона, истакна Бјерндален.

Тој му се заблагодари на своето семејство, но и на норвешкиот народ за постојаната поддршка во текот на кариерата, при што 44-годишниот спортист додаде дека минатата година имал проблеми со срцето и тоа дополнително ја забрзало одлуката за пензионирање.

–  Медицинскиот тим и терапиите многу ми помогнаа, поради што сум им многу благодарен, истакна Бјерндален.
Норвешкиот бијатлонец нагласи дека прво ќе се посвети на семејството и одморот, а дури потоа ќе одлучи како ќе продолжи.

Оле Ејнар Бјерндален има 13 медали на Зимските олимписки игри, од кои осум златни, четири сребрени и една бронзена. На светските шампионати 20 пати го има освоено златниот медал, како и 14 сребрени и 11 бронзени.

МИА