петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Бобан Илиоски победник на “ВАКО-Про Арена фајт” турнирот во Будва (ФОТО)

Бобан Илиоски победник на “ВАКО-Про Арена фајт” турнирот во Будва (ФОТО)

Нашиот најтрофеен кикбоксер Бобан Илиоски забележа извонреден успех триумфирајќи на “WAKO – PRO ARENA FIGHT” – турнирот во К1 меѓу најдобрите борци шампиони во WAKO, кој се одржа во Будва, Црна Гора.

Илиоски, кој во Будва беше предводен од својот тренер и претседател на Македонската кикбокс маи таи федерација, Дејан Митревски – Урко, во полуфиналето на турнирот се сретна и славеше победа против Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина со 3-0, а во финалето се сретна со Филип Секуловиќ од Црна Гора кого го победи исто така со 3-0.

“За овој настап Илиоски беше на подготовки во Холандија, каде добивме и понуда за борба на настанот ‘Фајт најт топ екшн’ во Турнхоут, Белгија. Борбата ја прифативме и на оваа борба извојува победа со нокаут против домашниот кикбоксер Леви Кујкен во К1 до 85 килограми. Бобан Илиоски е веќе познат како восоко реномиран борец во светот со што понудите за нови борби како и цената негова е постојано во пораст. За 13.мај закажавме борба за европска титула и појас ‘европски SENSHI шампион’ на престижниот турнир SENSHI во Варна против Едуард Алексијан во К1 85 кг. Ни престојат учества и на две светски првенства во Кик Бокс и во Маи Таи каде очекуваме од двете првенства злато” – вели првиот човек на македонскиот кик-бокс Дејан Митревски – Урко, по големиот успех на Илиоски