Поранешната боксерка Савана Брокхил (28) е осудена на 25 – години затвор, бидејќи минатата година до смрт ја претепала својата ќерка. Нејзината партнерка и мајка на детето, 20 – годишната Френки Смит ќе помине зад решетки осум години заради предизвикување и овозможување смрт на детето, одлучи судот во Бредфорд во Велика Британија.
Обдуцијата на девојчето потврди повреда на мозокот, внатрешните органи и скрешници на коските, што е доволен доказ за долгогодишно физџичко злоставување кое го преживеала малата Стар Хобсон.
-Телесните повреди кои во совјот живот ги трпела Стар, се само дел на нејзината трагична судбина. Во најмала рака девојчето од вас две доживеала рамнодушност следена со насилство, рече судијата Ламберт при изрекување на пресудата.