Еден од најдобрите британски спортисти во историјата и петкратен олимписки првак во велосипедизам, Бредли Вигинс со јавноста сподели шокантна исповед. Спортистот призна јавно дека бил жртва на сексуално злостовување кога имал 13 години откривајќи дека повеќе пати бил злоставуван од тренерот.
Велосипедистот на кого британската кралица Елизабета Втора во 2013 година му ја додели витешката титула за високи достигнувања, истакнал дека долго молчел за злоставувањето бидејќи не смеел да му признае на семејството поради тешкиот однос кој го имал со својот татко.
Вигинс има освоено вкупно осум олимписки медали меѓу кои пет златни, како и седум светски титули.
Во интервју за мајскиот број на магазинот „Men’s Health“ изјавил дека никогаш во целост не се помирил со злоставувањето.
-Кога бев млад, имав околу 13 години ме злоставуваше тренерот и тоа никогаш целосно не го прифатив, изјавил Вигинс.
На прашањето дали денес може да разговара за болниот период, одговара потврдно.
-Се тоа влијаепе на мене како возрасна личност. Само случувањата ги закопав длабоко во себе. Мојот очув беше многу насилен кон мене, открива спортистот.
Имал тешко детство и страдал од депресија. Голем дел од животот го поминал во обид да го разбере односот со својот татко, кој го напуштил семејството додека Бредли бил се уште мал, а починал во 2008 година по кавга на семејна забава.
-Беше мој херој. Сакав да му се докажам. Беше добар велосипедист, можеше да биде многу добар. Беше алкохоличар, манично депресивен, прилично насилен и уживаше во многу амфетамини и спортска дрога во тоа време, открива тој.
Вигинс сега работи како професионален коментатор