четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Болната тема на Федерер: Го прашаа дали размислува за пензија

Болната тема на Федерер: Го прашаа дали размислува за пензија

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер не е сигурен дека поразот од Хуркач би бил последен меч за него на Вимблдон.

Тој потенцира дека мора добро да размисли и анализира дали е време за пензија или не. Освојувачот на 20 Гренд слем трофеи беше запрен во четвртфиналето од Хуберт Хуркач на Вимблдон.

Имајки во вид дека тој наскоро полни 40 години, главното прашање е дали ова беше проштален натпревар на турнирот на кој Федерер освои 8 трофеи.

„Навистина не знам, мора да се регрупирам и добро да размислам за се. Мојата цел секогаш беше да играм на Вимблдон и да се обидам да освојам уште некоја титула. Оваа година успеав да дојдам до четвртфинале и среќен сум поради тоа. Минатата година имавме пандемија од коронавирус и Вимблдон немаше. Мора да се одморам неколку денови и да одлучам дали ќе играм на Олимписките игри“, истакна Роџер Федерер.