Украинецот Олександер Усик е новата светска боксерска сензација, откако ноќеска го совлада досегашниот апсолутен шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, поради што веднаш стана интересен не само за медиумите, туку и за сите останати во овој спорт кои би сакале да искористат дел од неговата слава.
Така првиот човек на српскиот бокс, Ненад Боровчанин, утринава објави дека новиот првак првата обврска како носител на најважните појаси во овој спорт ќе ја има во Белград. Усик ќе дојде во северното соседство на отворањето на Светското првенство (СП), кое следниот месец ќе се одржи во српската престолнина.
Боксерското СП по 43 години се враќа во Белград, поради што покрај доаѓањето на Украинецот, најавено е присуство и на легенди како Мајк Тајсон, Џорџ Формен, Рој Џонс Јуниор и многу други чии имиња дополнително ќе бидат објавени.