Поранешниот боксерски светски првак во тешка категорија Ентони Џошуа и неговиот британски сонародник Дилијан Вајт ќе ги вкрстат ракавиците на 12 август во лондонската О2 Арена, што ќе биде реприза на нивната пресметка од 2015 година, објавија промоторите од „Мечрум“ (Matchroom).
Џошуа го нокаутираше Вајт во седмата рунда во нивниот дуел за првак на Велика Британија и Комонвелтот во ноември 2015 година, реванширајќи се за поразот што го претрпе кога двајцата боксери се натпреваруваат во аматерска конкуренција.
Џошуа во април го совлада Американецот Џермејн Френклин на поени, што за британскиот боксер беше прва победа по повеќе од две години и последователните порази од актуелниот светскиот првак Олександр Усик од Украина.
– Јасно реков дека мојот план е да бидам активен оваа година. Ќе бидам подготвен за борбата. Се радувам што ова конечно ќе го решам, порача 33-годишниот Џошуа