Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, ја заврши прв на утринската тренинг-сесија на градската траса во Баку. Даниел Рикардо беше втор, а неговиот колега, Макс Верстапен доживеа несреќа со другиот Ред Бул.
Многу пилоти имаа проблеми во утринската сесија, меѓу кои и Хамилтон на свиокот 2, а Грожан и Ленс Строул се најдоа во заштитните бариери на свиокот 15, но немаше посериозни инциденти. Нико Хулкенберг и Карлос Сајнц од Рено ги прекинаа своите сесии пред предвиденото, бидејќи имаа проблеми со пневматиците.
На патеката, каде Форс Индија традиционално се претставува силно, Перез заврши на третото место, додека Окон на петтата позиција. Тие забележаа најдобри времиња со ултрасофт гумите.
Макс Верстапен не се чувствуваше удобно во Баку, и во средината на сесијата тој ја изгуби контролата и удри странично во безбедносните бариери. Неговиот мотор не изгледаше многу оштетен, но тренингот за него заврши.
Подобриот пилот на Мекларен беше Фернандо Алонсо, кој се пласираше седми, пред Сергеј Сироткин со Вилијамс, Пјер Гасли со Торо Росо и Себастијан Фетел, кој така и не ја пронајде вистинската брзина во првата сесија.
Ферарито на Кими Раиконен остана во боксот, а причината се уште е нејасна.