понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Бронза за македонските шахисти на Балканското првенство за младинци

Бронза за македонските шахисти на Балканското првенство за младинци

Со бронзен медал се закити македонската репрезентација освојувајќи го третото место на Балканското првенство во шах за младинци кое се одржа на Попова Шапка.

По неизвесна борба до последното коло, првото место го освои Грција, додека сребрениот медал им припадна на словенечките шахисти.

Боите на македонската репрезентација на Балканијадата ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјановски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска, предводени од селекторот Орце Данчевски.

-Ова беше одличен завршеток на оваа година во која нашите младинци во неколку наврати покажаа одлични игри и добри резултати, и се надеваме дека во наредните години ќе имаат уште подобри резултати, соопшти Шаховската федерација на Македонија.