сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Бруксби го елиминира вториот носител на АО

Бруксби го елиминира вториот носител на АО

По првиот, Австралија опен остана без вториот носител во машка конкуренција. Американецот Џенсон Бруксби го елиминира Норвежанецот Каспер Руд по четири сета 6-3, 7-5, 6-7/3, 6-2.

39. играч на светот не го почитуваше многу Норвежанецот. По првите шест гема без брејк, Бруксби двапати го брејкна сервисот на Руд и го доби овој дел од играта.

Одлуката во вториот сет се сведе на дванаесеттиот гем кога Бруксби го разби Норвежанецот и стигна до големи 2-0.

Се чинеше дека ќе биде готово во третиот сет. Поведе Бруксби со 5-4 и сервираше за меч. Имаше и три меч-топки, но Руд магично се извлече, го доби тој гем, го однесе сетот во тај-брејк и намали на 21.

Сепак, Руд не можеше повеќе од тоа. Бруксби не падна по пропуштените шанси. Веднаш во четвртиот сет направи два брејка,поведе со 3-0 и рутински ја приведе работата до крај.

Негов ривал за пласман во осминафиналето ќе биде неговиот сонародник Пол.