Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Во два сета тој синоќа го победи Американецот Томи Пол – 6:2, 6:4.
Следен ривал на Гркот ќе биде српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Холгер Руне (Данска) и Феликс Оже-Алијасим (Канада). АТП Ролекс Мастерс турнирот во Париз се игра за награден фонд од 5,4 милиони евра.