Светскиот рекет бр.2, Рафаел Надал се пласираше во 25-тото финале на Гренд-слем турнир. Шпанецот ќе игра за трофејот на Австралија Опен, откако немаше никакви проблеми во полуфиналето со младата грчка надеж Стефанос Циципас. Средбата на „Род Лејвер Арена“ заврши со резултат 3:0 во сетови за Рафа, а двајцата поминаа на теренот помалку од два часа.
– Се обидувам да сфатам како Федерер го победува … има сличен стил на мојот. Се обидувам да сфатам. Не сакам да изгубам 10 пати од Рафа. Неговиот сервис не е најсилниот на турнејата, на средно ниво е. Иритирачки е дека дури не се приближив до брејк во натпреварот. Многу е агресивен од главната линија, изјави по средбата Циципас.
Тој додаде дека не може да се сети на ништо позитивно во неговата игра на денешниот натпревар.
– Можеби во вториот сет, но остатокот од времето беше многу поинаку во однос на она што го играв во претходните натпревари. Надал не дозволува да влезеш во ритам. Има стил сосема различен од другите. Има талент што никој друг го нема. Никогаш не сум видел таков играч. Тоа те прави да се чувствуваш лошо, додаде младиот грчки тенисер.