сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Даниел Рикардо најбрз на првиот тренинг во Бахреин

Даниел Рикардо најбрз на првиот тренинг во Бахреин

Даниел Рикардо од Ред Бул беше најбрз на првиот тренинг пред Големата награда на Бахреин во Формула 1.

Рикардо помина 14 кругови, а најбрзиот круг го извозе за време од 1:31.060.

Втор беше Валтери Ботас од Мерцедес кој извози 24 кругови, а најбрзиот за 1:31.364.

Зад нив беа возачите на Ферари – Кими Рајконен и Себастијан Фетел, додека петти заврши Луис Хамилтон од Мерцедес.

Првиот тренинг во Бахрен го одбележа и дефектот на болидот на Макс Ферстапен од Ред бул, кој помина само два круга.