вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Данка Стојкова со златен медал во кати на Медитеранското првенство во Тунис

Данка Стојкова со златен медал во кати на Медитеранското првенство во Тунис

Од 19 до 21 мај се одржува 29 Медитеранското првенство за кадети, јуниори и сениори во карате во Тунис.

Македонските каратисти се предводени од Бесник Мурати – шеф на делегација, Александар Кузмановски – селектор за сениори и Берат Јакупи – селектор за јуниори.

На ова првенство освоени се вкупно три медали, од кои два сребрени и еден бронзен.Во јуниорска конкуренција со сребро се закити Бесарт Мемети (јуниори -55 кг.) кој во финалето загуби од Тунижанецот Ихеб Ферчичи, а втор во категоријата +76 кг. беше Андреј Басаров кој претрпе пораз во финалната борба од домашниот натпреварувач Јусеф Јериди.

Кај јуниорите со медал од Тунис се враќа и Или Биљали во категоријата -68кг. кој во малото финале за бронзата триумфираше со 3:1 против Стефан Милуновиќ од Србија.