среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Дејан Георгиевски е вицешампион на Европското сениорско првенство во олимписко таеквондо во Сараево 2020

Дејан Георгиевски е вицешампион на Европското сениорско првенство во олимписко таеквондо во Сараево 2020

Дејан Георгиевски е вицешампион на Европското сениорско првенство во олимписко таквондо кое се одржува во Сараево.

Ваквата вест ја соопштија од македонскиот таеквондо тим преку социјалните мрежи.

Интегралниот пост е во продолжение:

„НОВ ИСТОРИСКИ ПОДВИГ НА ЈУНАКОТ МАКЕДОНСКИ ❗️

ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ Е ВИЦЕШАМПИОН НА ЕВРОПА, СРЕБРО НА ЕВРОПСКО СЕНИОРСКО ПРВЕНСТВО ВО ОЛИМПИСКО ТАЕКВОНДО САРАЕВО 2020.🦁💪🇲🇰🥈

ТЕСЕН, ПРЕТЕСЕН ПОРАЗ ВО ФИНАЛЕ 18:19 СО ПОСТОЈАНО НАШЕ ВОДСТВО СКОРО ДО САМИОТ КРАЈ !

➡️Прва борба победа над Андреј Гарбар (УКРАИНА)🇺🇦 11:4

➡️Втора борба победа над Динко Шегедин (БОСНА)🇧🇦 12:7

➡️Трета борба победа над Рос Даниел (ШПАНИЈА)🇪🇸 11:4

➡️Финале четврта борба пораз од поранешен светски Шампиом Махди Кобадабакши Иранец кој се бори за (СРБИЈА)🇮🇷🇷🇸 резултат 18:19 во последната трета рунда Дејан влезе со водство 15:7 но спортот често знае да биде суров. Ни избега од раце уште едно европско злато.

Ова е историски медал за македонскиот олимписки спорт и секако за македонското олимписко таеквондо, овој медал се вбројува во неколкумина медали на официјални Европски првенства освоени во олимписки спортови од како Македонија е независна држава.
🔴Да потсетиме Дејан Георгиевски 2017 година беше европски сениорски шампион со пет победи на само 18 годишна воздраст.

Слава на ГОСПОД.

ЗА МАКЕДОНИЈА ❗️

#Токио2021🎌, стои во постото на Фејсбук.