Најдобриот македонски натпреварувач во традиционално карате Дејан Недев од денес до 4 февруари ќе учествува на ЈКА карате семинар со Сенсеи Јошинобу Охта 7 дан, главен инструктор на ЈКА за Велика Британија, информираа од Македонската традиционална карате федерација.
Сенсеи Охта во моментов важи за еден од најдобрите светски карате инструктори со извонредна чиста и висока карате техника кој долги години му беше главен асистент на прославениот сенсеи Касуке Еноеда.
На семинарот предвидено е Дејан Недев да има излагање пред помлади каратисти од неколку карате клубови во Лондон кој се натпреваруваат во традиционално карате и се членки на светската федерација ИТКФ.