сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Џенсон Батон ќе дебитира во НАСКАР

Џенсон Батон ќе дебитира во НАСКАР

Поранешниот светски првак во Формула 1, Џенсон Батон (43), ќе настапи на три трки во серијата НАСКАР Куп оваа година, објавија организаторите на натпреварувањето.

Англичанецот, кој ја освои Формула 1 во 2009 година, ќе вози „Рик Вер Рејсинг Форд Мустанг“ на трките во Остин, на 26 март, во Чикаго (2 јули) и Индијанаполис (13 август).

По повлекувањето од Ф1 во 2017 година, Батон возеше спортски автомобили во класата ГТ500 во јапонската Супер ГТ серија, каде ја освои титулата во 2018, а се натпреваруваше и на престижната трка „24 часа Ле Ман“.