Поранешниот светски првак во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа, ќе се врати во рингот на 1.април кога во Лондон ќе боксува против Американецот Џермејн Френклин, објавија промоторите „Matchroom“ и DAZN.
Изминатите две години Џошуа имаше две борби, и двете против украинскиот боксер Олександр Усик, кои ги загуби.
Усик во септември 2021 година го совлада Џошуа во Лондон со едногласна одлука на судиите и од него ја презеде титулата светски првак.
Една година подоцна во Саудиска Арабија, украинскиот боксер беше поуспешен и во реваншот со што ги одбрани титулите во верзиите WBA, IBF, IBO и WBO во тешка категорија.
„Психички и физички се чувствувам подготвен“, порача Џошуа пред најавеното враќање во рингот во лондонската О2 Арена.