Во Зворник, Босна и Херцеговина, Никола Ѓорѓиев вечерва се бореше за титулата во „WAKO PRO” во категоријат до 81.4 килограми. Противник на Ѓорѓиев беше домашниот натпреварувач Никола Дробњак.
Салата во Зворник беше преполна, а токму борбата на Ѓорѓиев беше главната на вечерта.
Moтивирн од домашната публика Дробњак влезе агресивно од самиот старт на борбата. Тешко успеваше Ѓорѓиев да му напрви проблеми. Посебно тешка за Ѓорѓиев беше третата рунда кога еднаш падна и на подот и доби неколку тешки удари.
Иако успеа да ја издржи таа рунда сепак и понатму Дробњак ја контролираште борбата. Со оглед на тоа што добро знаеше и Дробњак дека беше подобар во текот н борбт во претпоследната рунда во поголемиот дел се бранеше од удрите на Ѓорѓиев.
Се влезе во последната, петта рунда во која Ѓорѓиев мораше да тргне на се и или ништо. Со своето искуство домашниот борец не дозволи изенандување и ја приведе борбата кон крај, а славеше со резултат 3:0.
Оваа вечер се бореше и уште еден Македонец, Бобан Илиоски кој однесе победа со нокаут против Хрватот Борна Манојловиќ.