петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Дмитри Бивол убедливо го совлада Жилберто Рамирез и по десетти пат ја одбрани титулата

Дмитри Бивол убедливо го совлада Жилберто Рамирез и по десетти пат ја одбрани титулата

Дмитри Бивол ја продолжи својата успешна серија. Непоразениот руски боксер на настанот во Абу Даби го победи Мексиканецот Жилберто Рамирез и го одбрани шампионскиот појас на ВБА (Супер) во полутешка категорија.

Сите тројца судии бодуваа во корист на Дмитри: 117-111, 117-111 и 118-110.И двајцата боксери влегоа претпазливо во мечот, но кон крајот на првата рунда Бивол тргна во поконкретен напад, а за момент се чинеше дека Рамирез се потресе.И следните неколку рунди поминаа во прилично пасивна борба.

Петтата рунда веќе понуди нешто повеќе акција, а Бивол беше поконкретен, а Рамирез за момент се најде во неволја.Рускиот борец се држеше до својата тактика и како што напредуваше во рундите, така ја изгради предноста.

На крајот од осмата рунда Бивол го притисна Рамирез на јажињата и имаше неколку квалитетни серии.Мексиканецот се обиде да возврати во следната рунда, но Дмитри имаше одговор на секој напад на противникот.

Во 11. рунда Бивол повторно го засили темпото, уништувајќи ја скоја надеж за пресврт на Рамирез и го приведе мечот кон мирна завршница.Несомнено е дека љубителите на боксот сега многу би сакале да го видат Бивол во мечот против Артур Бетербиев (18-0), кој ги држи останатите три појаси во полутешка категорија.

Победникот од тој меч би станал апсолутен шампион во полутешка категорија.