Доктор Борче Костовски кој е и претседател на една од најуспешните спортски федерации во државата, Македонска Таеквондо Федерација, испраќа апел со младите спортисти:
„Сакам да апелирам до сите вас одговорно да ги почитувате сите препораки кои ви ги даваат здрвствените авторитети во Македонија и на тој начин вклучувајки голема дисциплина и борбен дух да се справиме со овој голем предизвик.
Бидејки практично дел од препораките се и да немаме можност да тренираме, тоа не значи дека не можете самите во домашни услови да ја одржувате својата таеквондо форма која сте ја граделе долг период.
Во консултација со вашите тренери јас сум сигурен дека ќе изнајдете модел за домашен трениг кој значително ќе ви помогне во оваа специфична сосотојба.
Сакам со посебно внимание да апелирам до сите вас, стравот да не биде командант со вашите мисли, вие сте борци и сега треба да покажете на останатите дека еден таеквондо спортист се одликува со железна дисциплина и храбар пристап кон сите предизвици“, напиша тој.