понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Долгополов бара суспензија за руските тенисери

Долгополов бара суспензија за руските тенисери

Поранешниот украински тенисер, Александар Долгополов изјави денеска дека одговорните во светот на тенисот се премногу пасивни и оти е потребно да им забранат на руските играчи да настапуваат додека трае инвазијата на Украина.

Во разговор со дописникот на Би-би-си од Киев, 33-годишниот Долгополов рече дека одлуката на руските тенисери да им се дозволи да учествуваат на турнирите без национални обележја „не менува ништо“.

Долгополов, чиј најдобар пласман на АТП листата беше 13. место, неодамна се врати во Киев за да ѝ се приклучи на украинската територијална одбрана и мина кратка воена обука за да научи да ракува со оружје.