понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Доминација на Норвежаните во маратоскиот крос-кантри

Доминација на Норвежаните во маратоскиот крос-кантри

Норвежанецот Пол Голберг го освои златниот медал на маратонската крос-контри трка на Светското првенство во нордиски дисциплини што се одржува на Планица, Словенија.

Тој ги помина седумте круга или вкупно 50 километри класично со време 2 часа, 1 минута, 30 секунди и две десеттинки.

Доминацијата на Норвежаните на овој мундијал беше потврдена со второто место и сребрениот медал на Јоханес Клебо, кој доцнеше на целта само една секунда зад победникот.

Третото место и бронзениот медал му припаднаа на Вилијам Порома од Шведска, со 1,2 секунди послабо време од победникот.

Норвежаните го завршуваат Светското првенство 2023 со шест златни, четири сребрени и со два бронзени медала, оставајќи им на конкурентите само две сребрени и четири бронзени одличја.