недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Доминик Тим со „вајлд“ карта ќе настапи на Австралија Опен

Доминик Тим со „вајлд“ карта ќе настапи на Австралија Опен

Поранешниот освојувач на Грен слем трофеј, Доминик Тием, доби посебна покана да заигра на првиот голем турнир следната година. Австриецот ќе настапи на Австралија Опен, откако организаторите му упатија покана и покрај лошиот пласман и проблемите со повредите.

Тим минатата година падна под 300-та позиција на АТП ранкиингот, меѓутоа ја крена формата и успеа да се врати назад меѓу најдобрите сто. Во моментов тој ја зазема 102. позиција на ранг-листата, а не настапи на минатиот турнир во Мелбурн порадии повреда.

Освен Тим, „вајлд-карти“ добија Кристофер Еубанкс и Лука Ван Аше, додека кај дамите тоа се Тејлор Таунсенд и Дајана Пери. Остануваат уште по две специјални покани за настап на Австралија Опен, а истите ќе бидат поделени следната седмица.