сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Дрита Ислами сезоната ја започна со државен рекорд

Дрита Ислами сезоната ја започна со државен рекорд

Maкедонската атлетичарка Дрита Ислами сезоната во сала ја започна со државен рекорд на 400 метри.

Ислами го урна претходниот рекорд кој исто така го постави таа. Сега 400 метри во сала Ислами истрча за 55,95 секунди и го поправи рекордот кој изнесуваше 56,35 секунди.

„Нема подобро нешто одколу да ја започнам сезоната со државен рекорд на 400м во сала 55.95, стариот рекорд беше истотака на моја сопсвеност 56.35. Овој резултат ми значи многу после една лоша сезона со доста повреди, ми ја врати самодовербата и ме мотивира да продолжам да срушам уште рекорди“, порача Ислами.