Македонската традиционална карате федерација (МТКФ) денеска во Будо карате центарот Недеви го организира 50. Државен шампионат на Македонија во традиционално карате (кати) за сениори/младинци, јуниори/кадети и деца.
Технички организатори на првенството се карате клубовите „Скопје“ и „Нишијама“.
– Овој шампионат е еден вид тест пред балканскиот шампионат кој ќе се одржи наредниот викенд, 20-22 април 2018 во Трговиште, Романија, соопшти МТКФ.
МИА